Според извори од Ватикан, мажот ја пробил безбедносната ограда која го одделува просторот наменет исклучиво за свечени литургии и извршил тежок чин пред десетици верници. Олтарот се наоѓа директно над гробот на Свети Петар и, според традицијата, само папата може да ја служи евхаристијата на тоа место.
Туристот, чиј идентитет и државјанство не се објавени, се соблекол гол и се обидел да уринира врз олтарот, но бил веднаш спречен благодарение на брзата интервенција на Ватиканската жандармерија. Тој е приведен и задржан во полициските простории, а се чека одлука дали ќе биде изгнаен во Италија или екстрадиран во земјата од која потекнува.
Реакција на Светата столица
Сериозноста на настанот длабоко го вознемирила папата Лав XIV, кој, според внатрешни извори, изразил големо незадоволство во разговор со кардинал Мауро Гамбетти, протојереј на Базиликата Свети Петар.
Папата веднаш наложил одржување на покajнички и репарациски обред во согласност со церемонијалните прописи на Ceremoniale Episcoporum што се применуваат во случаи на тешка профанација.
За време на обредот, Базиликата била привремено затворена за јавноста, а литургијата вклучувала покајничка процесија од најблиската црква, читање на псалми и молитви за прочистување, како и попрскување на олтарот и централната лаѓа со света водица.
Целта на овој чин, како што соопшти Ватикан, била повторно воспоставување на светоста на местото и утеха за верниците кои биле длабоко потресени од настанот.
Извор: N1info.rs