Кога туристите го посетуваат археолошкиот парк Помпеја покрај Неапол имаат единствена шанса да влезат во светот од пред речиси 2000 години. Улиците се се уште сочувани, како и многу куќи, градини и фрески. Но, еден британски турист решил да остави свој траг.
На ѕид на една куќа, 37-годишен турист од Велика Британија со тап предмет ги врежал иницијалите на членовите на неговото семејство и датумот – 7 август.
На фотографиите се гледа дека се врежани буквите покрај влезната врата, која пред речиси 2000 години била обоена црвено.
Директорите на археолошкиот парк забележале што прави туристот и веднаш повикале полиција, по што тој бил уапсен.
Италијанската новинска агенција АНСА објави дека Британецот се извинил и објаснил дека сакал да ги врежи своите иницијали и на неговите две ќерки за да остави трага, односно да ја овековечи нивната посета на Помпеја.
Извор: Б92