Турските власти воведоа ограничувања за пристап до социјалните мрежи, вклучувајќи Икс, Јутјуб, Инстаграм и ТикТок, по апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу и уште 100 лица, соопшти организацијата „Нетблокси“.
Опонзициониот лидер Имамоглу беше уапсен за време на претресот на неговиот дом во рамки на истрагата за наводна корупција и поврзаност со тероризам, пренесува АП. Уапсени се и повеќе од 100 други лица, вклучувајќи го помошникот на градоначалникот, Мурат Онгун.
Иако властите тврдат дека тие акции се правно основани, опозицијата ги гледа како политички мотивирани. Кратко по апсењето, акциите на турската берза паднаа за седум проценти, што предизвика привремено запирање на тргувањето.
Покрај тоа, турските власти ги блокираа сообраќајот на неколку улици во Истанбул и забранија протести во траење од четири дена, за да спречат можни демонстрации.
До апсењето дојде по што Имамоглу вчера ја изгуби дипломата поради наводни неправилности во врска со неговото образование, што му ја спречува можноста да се кандидира на претстојните претседателски избори. Групата „Нетблокси“ објави дека пристапите до главните социјални мрежи во Турција биле блокирани за да се ограничи ширењето на информации за апсењето и поддршката на опозицијата.
Опозицијата го осуди апсењето како обид за задушување на опозицијата и подкопување на демократските права.