Турција и Велика Британија подготвуваат нови трговски преговори

epa06170179 A worker counts Euro banknotes at a money exchange company in Peshawar, Pakistan, 29 August 2017. The Euro jumped against the US dollar on 29 August recording $ 1.2 for the first time in 18 months. EPA-EFE/ARSHAD ARBAB

Турција и Обединетото Кралство се договорија до крајот на јули да го одржат првиот круг преговори за ажурирање и проширување на Спогодбата за слободна трговија меѓу нив. Ова го соопшти турскиот министер за трговија, Омер Болат.

Спогодбата за слободна трговија меѓу Велика Британија и Турција, како НАТО-сојузници, беше продолжена по излегувањето на Велика Британија од Европската Унија во 2020 година. Сепак, ревизијата што ја извршија двете страни во 2023 година укажа на можности за подобрување.

Во објава на социјалната мрежа „Икс“, Болат изјави дека неговата средба во Лондон со британскиот министер за бизнис и трговија, Џонатан Рејнолдс, била успешна и дека страните потпишале посебни делови од трговскиот договор кои се однесуваат на моторните возила и хемикалиите, правејќи „важен чекор во процесот на ажурирање“.

„Покрај тоа, се договоривме подоцна годинава во Лондон да го одржиме Осмиот состанок на Заедничкиот комитет за економија и трговија меѓу Турција и Обединетото Кралство, на кој ќе направиме сеопфатна оценка на нашите трговски односи“, додаде Болат. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни