Турција парализирана од снежно невреме, откажани авионски летови

Портпаролот на „Туркиш ерлајнс“, Јахја Устун, изјави дека за 31 декември се откажани 61 лет,

Поради обилни снежни врнежи, мраз и ниски температури, денес во Турција беа откажани бројни летови, додека наставата беше суспендирана во неколку провинции, објавија надлежните институции.

Портпаролот на „Туркиш ерлајнс“, Јахја Устун, изјави дека за 31 декември се откажани 61 лет, главно кон источните и централните делови на земјата, нагласувајќи дека безбедноста на патниците е приоритет, пренесува Анадолу.

Поради лошото време, наставата беше привремено суспендирана во бројни провинции и области низ Турција.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни