„Го спречивме Нетанјаху да дојде на самитот во Египет“
Турската влада денес објави дека Анкара одиграла одлучувачка улога во спречувањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да присуствува на самитот за Газа во Египет.
„На иницијатива на претседателот Реџеп Таип Ердоган, благодарение на турските дипломатски напори и поддршката на другите шефови на држави и влади, Нетанјаху не присуствува на состанокот во Египет“, изјави портпарол на турската влада за германската новинска агенција ДПА.
Израел ја претстави ситуацијата поинаку. Денес напладне, кабинетот на египетскиот претседател објави дека Нетанјаху доаѓа, само за набргу потоа да биде демантиран од кабинетот на израелскиот премиер.
Доналд Трамп по покана за Египет, но дека не може да патува поради еврејскиот празник Симхат Тора.
Американскиот претседател Доналд Трамп денес пристигна во египетското одморалиште Шарм ел Шеик, каде што прв го потпиша мировниот план за Газа.