Турција отвора 27 историски места за ноќни посети

Иницијативата ги претвора културните места во живописни вечерни атракции, охрабрувајќи ги туристите да истражуваат повеќе

Повеќе од 395.000 посетители минатата година одбрале да ги посетат најпознатите културни знаменитости на Турција, меѓу кои Ефес во Измир и Хиераполис (Памуккале) во Денизли, во текот на вечерните часови.

Големиот интерес е потврда за атрактивноста на проектот „Ноќни музеи“, кој им овозможува на посетителите да ги истражат и посетат историските локалитети, кои се осветлени и отворени до доцна во ноќта. Во рамките на овој проект, кој го спроведува турското Министерство за култура и туризам, летово, за ноќни посети ќе бидат осветлени и отворени 27 локации низ земјата.

Иницијативата ги претвора културните места во живописни вечерни атракции, охрабрувајќи ги туристите да истражуваат повеќе и го поддржува одржливиот туризам со порамномерна дистрибуција на посетителите во текот на целиот ден.

Меѓу објектите кои во летниот период ќе бидат отворени за туристички посети во ноќните часови се музеите и кулата Галата во Истанбул, важните археолошки локалитети и подземните градови во Кападокија, музеите во градовите долж турската ривиера, историските богатства во Анадолија, вклучувајќи ги Ѓебеклитепе и Карахантепе и многу други историски места низ Турција.

Продолжено работно време во летните месеци не се однесува само на ноќните часови. Па така, за да се видат убавините на колосалните статуи подигнати од кралот Антиох Комагенски на планината Немрут во Адијаман, која е светско наследство на УНЕСКО, ова познато место е осветлено и отворено меѓу 4 и 9 часот наутро за посети на изгрејсонце.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни