Турција со амбициозен план: 100 милијарди долари трговска размена со САД

 Турскиот министер за трговија, Јомер Болат, денеска изјави дека Турција има за цел да достигне трговска размена со САД во вредност од 100 милијарди долари.

На прес-конференција во Истанбул, Болат коментираше дека и покрај актуелната неизвесност предизвикана од новите царини воведени од американскиот претседател Доналд Трамп, Турција гледа шанса да ги зголеми извозните можности.

– Нашата прва задача е да излеземе неоштетени од ситуацијата, а втората е да ги искористиме новите можности, изјави Болат.

Според него, Турција продолжува со решителни чекори во надворешната трговија, со цел отворање кон нови пазари и зголемување на извозот.

Трговската размена помеѓу Турција и САД во 2024 година пораснала за 4,7 отсто, достигнувајќи 35,2 милијарди долари, покажуваат податоците на турското Министерство за трговија.

Новите американски царини за Кина и ЕУ се оценети како можност од турскиот бизнис сектор, бидејќи Турција останува со пониски стапки за извоз во САД. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни