Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека „внимателно ги следи случувањата во Црна Гора“ и дека е во постојан контакт со властите во Подгорица, откако викендов дојде до серија инциденти во кои беа вмешани турски и азербејџански државјани.
Инцидентите започнале со расправија и напад со нож во Подгорица, по што следеле одмазднички акти – запалено е турско сопствеништво, а неколку возила со турски таблички биле оштетени. Црногорската полиција потврди дека се приведени повеќе од 40 лица, главно Турци и Азербејџанци, меѓу кои и неколку жители на Црна Гора со двојно државјанство.
Премиерот Милојко Спаиќ најави дека Владата ќе го суспендира безвизниот режим за турски државјани додека траат преговорите со Анкара, оценувајќи дека „државата мора да реагира кога безбедноста е загрозена“.
Анкара, пак, преку Министерството за надворешни работи побара од Црна Гора „заштита и фер третман“ за турските државјани и најави дека внимателно ќе ги следи истрагите. „Нашите дипломатски претставништва се во постојан контакт со властите во Подгорица за да се обезбеди сигурноста на нашите граѓани,“ стои во реакцијата на турската влада.
Иако засега нема потврда за етнички или политички мотиви, случувањата предизвикаа вознемиреност и во Баку, каде што Министерството за надворешни работи на Азербејџан исто така изрази загриженост и побара транспарентна истрага