На 5 април со почеток во 10.30 во КСП Центар-ЈАДРО во Скопје ќе се оддржи настан во вид на тура низ градскиот парк насловена „ТОТЕМИ – Дрвата зборуваат“.
Водичи на турата ќе бидат учесници кои беа дел од работилницата „ОДВНАТРЕ ОДНАДВОР“ која беше оддржана од 15 до 17 ноември 2024. Работилницата „ОДВНАТРЕ ОДНАДВОР“ во ноември минатата година ја одржа Криста Де Нио (САД) каде како дел од програмата сподели гледишта во однос на човекот и природата со акцент на реалацијата човек-дрво-шума.
Работилницата која беше оддржана минатата година беше поддржана од партнерите: КСП Центар-Јадро и MOT theatre festival во Скопје како и International Interdisciplinary Artist Consortium,
А резиденцијата на Криста ДеНио беше поддржана од GPS/Global Practice Sharing as part of Movement Research, NYC со финансирање од Trust for Mutual Understanding.
Групата учесници овој пат водичи ќе пристапат во улога на раскажувачи на приказната која и самите имаа можност да ја искусат како дел од работилницата во потрага по личната и воедно колективната приказна во релација со дрвата и природата.
Групата публика е лимитирана на 12 места
Пријавување во коментар на објавата или во инбокс на КСП Центар-Јадро!