„Тулипан“, „Амели“ и „Живеење на светлината“ на Манаки

Филмовите се во чест на лауреатите на 45. издание на ИФФК „Браќа Манаки“

Во чест на лауреатите на 45. издание на ИФФК „Браќа Манаки“, фестивалот ги најавува филмовите за можеби најнепознатото ремек дело во филмската уметност ТУЛПАН, за волшебниот свет на посветената на среќата во АМЕЛИ и заљубеникот во светлината, којa ја користел за да дојде до вистината во РОБИ МИЛЕР: ЖИВЕЕЊЕ НА СВЕТЛИНАТА.

Во ТУЛПАН Аса, неодамна ослободен од војска, патува кон казахстанските степи. Тој почнува да живее со својата сестра, нејзиниот сопруг и нивните деца во едно мало село во сувите рамнини. Кинематограферката Јоланта Дилевска е добитничка на „Сребрена камера 300“ за филмот, кој беше награден на фестивалите во Кан, Карлови Вари, Токио, Цирих.

Во АМЕЛИ е заробена во светот на фантазијата, Амели Пулен, младата келнерка која живее сама и работи во едно париско кафуле, одлучува тајно да им помогне на луѓето околу неа да најдат среќа. Кинематограферот Бруно Делбонел добитникот на овогодишната „Златна камера 300 за животен опус“, беше номиниран за оскар и БАФТА за овој филм, освои награда за најдобар европски кинематографер на Европската филмска академија, а филмот беше награден на фестивалите во Торонто, Карлови Вари и Талин.

Во РОБИ МИЛЕР: ЖИВЕЕЊЕ НА СВЕТЛИНАТА, Роби Милер е еден од ретките кинематографери во светот кој знае да го користи сонцето на најдобар можен начин. Како да ги фати зраците како пеперутки и како да ги истакне како акорди. Во документарниот филм своите согледби ги споделуваат: Џим Џармуш, Ларс Фон Трир, Вим Вендерс, Ањес Годар, Стив Меквин, филм кој беше прикажан на Венецискиот филмски фестивал.

Најново

Последни колумни