Доналд Трамп го коментираше прашањето на Крим откако се појавија информации дека неговиот мировен план вклучува признание на руска контрола над тој териториум од страна на САД.
Тој изјави дека Украина „изгубила многу територија“ за време на војната, додавајќи: „Ќе дадеме сè од себе работејќи со Украина“.
Говорејќи конкретно за Крим, Трамп изјави дека таа територија била „предадена“ додека беше претседател Барак Обама. „Тоа нема никаква врска со мене“, рече Трамп. Сепак, тој додаде дека ќе биде „многу тешко“ за Украина да го врати Крим.
Американскиот претседател потоа нагласи дека „не е верен никому“, но дека има „верност кон спасувањето на животите“. „Мислам дека ќе постигнеме договор“, рече тој, додавајќи: „Мислам дека сме многу блиску до договор“.
Инаку наводниот американски план за крај на војната вклучуваше признание на Крим како дел од Русија, што украинскиот претседател Володимир Зеленски категорички го отфрли.
Крим од 2014 година е под контрола на Москва.