Труење од храна во РЕК Битола: 81 работник побарал лекарска помош

Над 80 вработени во РЕК Битола денеска побарале лекарска помош во Клиничката болница во Битола.

Информацијата ја потврдил инфектологот Хараламбос Сидиропулос, кој изјавил дека во болницата се јавиле 81 лице со симптоми како стомачни проблеми, повраќање и покачена температура.

Според лекарските наоди, сите пациенти имале слична клиничка слика, а како можна причина се наведува консумирање на храна, конкретно лазања со сос, подготвена во кујната на РЕК Битола.

Поголемиот дел од работниците биле со полесна клиничка слика и биле пуштени на домашно лекување. На дел од пациентите им била дадена инфузија, додека само едно лице било задржано на Интерното одделение за понатамошен третман.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни