Kaнадскиот премиер со остра реакција на изјавата на Трамп

Трудо: Шансите за обединување на САД и Канада се еднакви на шансата што ја има „грутка на снег во пекол“

Трамп, за време на претседателската кампања, во која победи демократската кандидатка Камала Харис, не ја спомена можноста за бришење на границите помеѓу двете земји, но неколку пати изјави дека сака да ја види Канадата како 51-ва американска држава.

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека шансите за обединување на САД и Канада се еднакви на шансата што ја има „грутка на снег во пекол“, реагирајќи на изјавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека двата народа можат да се интегрираат, јавува канадската агенција СиБиСи.

Трудо реагираше на изјавата на идниот американски претседател дадена на прес-конференција во Палм Бич, на која Трамп изјави дека би можел да користи „економска сила“ за да ја интегрира Канадa во границите на САД.

„Се ослободуваме од вештачките граници, а тоа ќе биде добро и за националната безбедност“, истакна Трамп, додавајќи дека САД суштински ја штитат Канадата.

Трамп ја критикуваше високата цена на увозот кој САД го плаќаат за производите од Канада и изјави дека САД немаат обврска да и помогнат економски на Канада.

Трамп, за време на претседателската кампања, во која победи демократската кандидатка Камала Харис, не ја спомена можноста за бришење на границите помеѓу двете земји, но неколку пати изјави дека сака да ја види Канадата како 51-ва американска држава.

Иако нагласи дека не размислува за користење на воена сила во однос на Канада, Трамп исто така не ја исклучи можноста за користење сила со цел САД да ја вратат контролата над Панамскиот канал или да ја приклучат Гренланд, кој е дел од данскиот териториум.

Вкупната трговска размена помеѓу САД и Канада во 2023 година изнесуваше 923 милијарди долари, при што САД имаа дефицит од 41 милијарда долари.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни