Трошоците за превоз и сместување на семејствата на повредените ќе се покријат од Буџетот

Владата планира утре да донесе одлука со која ќе се организира и обезбеди превоз и сместување на семејствата на повредените од трагедијата во Кочани кои во моментов се пренесени на лекување во други земји.

Како што кажа портпаролката на Владата  Марија Митева на денешната прес-конференција во вакви моменти семејствата не треба да се грижат за логистиката или финансиските оптоварувања кога им се најпотребни на своите најблиски.

Таа додаде дека трошоците за транспорт и сместување ќе бидат покриени од Буџетот на граѓаните, обезбедувајќи им на семејствата да бидат покрај своите најблиски.


Митева исто така ги повика сите сите засегнати семејства на повредените во пожарот во Кочани да ја искористат оваа можност и да се јават на телефонската линија 070 270 370 за да ги добијат сите потребни детали, за потоа, да може ефикасно да се организира поддршката што им е потребна и да го олесни ваквиот процес.

Владата ќе соработува и со Црвениот крст на Скопје за управување со официјалната сметка за донации, за да постои едиснтвена и официјална сметка за донации, да нема дилеми каде треба да се донира.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни