Не се гледа крајот на пожарите во Лос Анџелес

Евакуационата зона од пожар опфаќа област во која живеат повеќе од осум милиони луѓе, пренесува ABC News.

Од сабота навечер до недела наутро, ветровите беа во опсег од 56-88 km/h, а некои налети достигнуваа и до 110 km/h во планините околу Лос Анџелес.

Одделот на шерифот на Лос Анџелес соопшти дека „строго ќе спроведе“ полициски час во задолжителните области за евакуација во близина на пожарите во Палисадес и Итон.

Полицискиот час, кој трае од 18:00 до 06:00 часот во погодените области, е воспоставен за да се заштити јавноста и да се овозможи ефикасно да работи персоналот за итни случаи, соопшти доцна синоќа на Твитер шерифот на округот Лос Анџелес.

Полицијата соопшти дека во последните денови уапсила 20 лица. Најмалку 16 луѓе досега загинаа низ Лос Анџелес во пожарите што избувнаа во вторникот.

Илјадници објекти беа уништени, а околу 180.000 луѓе беа евакуирани од своите домови.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни