Тропски амбиент по балкански цени: Каде кафето чини 1 евро, а виното 2

Она што ги привлекува странците во Португалија е нејзината пријатна клима во текот на целата година – слична карактеристика што ја дели со Калифорнија.

Иако климата е слична, Португалија има повеќе сончеви часови годишно и поблаги зими. Како и Калифорнија, и Португалија се гордее со прекрасни планински предели и природни убавини типични за медитеранскиот регион.

Градовите Лисабон и Порто често се споредуваат со големите урбани центри во Калифорнија – космополитски, полни со живот, урбана култура и динамичен ноќен живот.

Алгарве – европската Калифорнија

Јужниот регион Алгарве често го нарекуваат „европска Калифорнија“ поради сличната клима, ветровитите и сончеви плажи, и условите идеални за сурфање. Многумина дури сметаат дека плажите во Алгарве се поубави од оние во Калифорнија.

Лисабон, пак, го има својот „Голден Гејт“ – црвен висечки мост над реката Тежу кој потсетува на познатиот мост во Сан Франциско. Иако не се идентични, сличноста е впечатлива.

Португалија нуди повисок квалитет на живот по пониски цени

Иако Калифорнија и Португалија имаат многу сличности, трошоците за живот се драстично различни. Една од причините поради која многу луѓе се одлучуваат да се преселат во Португалија е нејзината пристапност.

Според податоци, Лисабон е дури 28% поевтин од просечна локација во Калифорнија. Рентата е за 86,7% пониска, а цените на храната за 92% поевтини од оние во Калифорнија.

Покрај добрата клима и вкусната храна, Португалија нуди високо ниво на безбедност, добар здравствен систем, квалитетно образование и целокупна благосостојба.

Најевтина туристичка дестинација во Европа

Алгарве е една од омилените дестинации за Британците, а според извештајот на британската пошта за 2024 година, таа е прогласена за најевтина туристичка локација во Европа.

Меѓу 15 европски дестинации, Алгарве е на врвот по пристапност – со кафе по цена од само 1,05 евра и чаша вино за 2,10 евра. Според истиот извештај, цените на оброците и туристичките активности значително се намалиле во повеќе од 60% од истражуваните одморалишта.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни