Тропската бура Хилари предизвика поплави во Калифорнија

Фото: REUTERS/Bryan Woolston

Тропската бура Хилари во неделата предизвика поплави источно и западно од Лос Анџелес. Претходно бурата со смртоносна сила го проби мексиканскиот полуостров Баха Калифорнија.

Едно лице загина во Мексико според извештаите за поплавите на полуостровот, каде што некои патишта беа однесени, а сликите на социјалните мрежи покажаа дека улиците се претворени во реки.

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, прогласи вонредна состојба во поголемиот дел од Јужна Калифорнија, со предупредувања за поројни дождови и поплави во регионот кој е навикнат на суша.

Планинските и пустинските области би можеле да добијат од 12 до 25 сантиметри дожд, колку што пустините обично гледаат за една година, велат синоптичарите.

Првата тропска бура што го зафати округот Лос Анџелес од 1939 година предизвика сериозни поплави во планините Сан Габриел источно од градот и крајбрежните области северозападно во округот Вентура.

Округот Сан Бернардино нареди евакуација на голем број градови во планините и долините каде што сликите на социјалните мрежи покажаа порои од вода, кал, камења и дрвја.

На запад во понаселениот округ Вентура, Националната метеоролошка служба предупреди на поплави опасни по живот каде што паднаа до 5 сантиметри дожд во рок од два часа.

Поплавите се движеа низ бетонските брегови на реката Лос Анџелес, која вообичаено содржи има малку вода.

Бурата Хилари дошола на копно претходно во неделата во северниот дел на полуостровот Баха Калифорнија во Мексико, каде што речиси 1.900 луѓе биле евакуирани во засолништа, според армијата на земјата.

Невремето беше особено опасно во областите каде што живеат луѓе со ниски приходи каде што многу домови не ги исполнуваат градежните правила.

„Отсекогаш сме биле свесни дека тоа е ризично подрачје. Многу вода тече (во близина), но што ќе правиме? Тоа е единственото место каде што може да живееме“, рече Јоланда Контрерас, која живее во област подложна на поплави.

Извор: Reuters

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни