Тројца скијачи загинаа во лавини во француските Алпи

Тројца скијачи загинаа во одделни лавини во француските Алпи, само еден ден по уште три смртни случаи. Властите упатија апел за зголемена претпазливост поради опасни услови.

Тројца скијачи вчера загинаа во одделни лавини во француските Алпи, само еден ден откако уште три лица ги загубија животите во слични несреќи, објавија локалните медиуми.

Во скијачкиот центар Ла План, британски државјанин на возраст од околу 50 години бил затрупан од лавина, соопшти управата на скијалиштето. Француските медиуми наведуваат дека во спасувачката акција учествувале 52 спасувачи, кучиња трагачи и хеликоптер, а на тимовите им биле потребни околу 50 минути за да го пронајдат мажот под 2,5 метри снег. За жал, лекарите можеле само да констатираат смрт.

Повеќе жртви на различни локации

Во блискиот Куршевел, лавина затрупала уште едно лице, кое било пронајдено мртво во доцните утрински часови, се наведува во извештаите.

Регионалниот дневен весник Le Dauphiné libéré извести и за повеќе повредени скијачи и сноубордери во скијачките центри Тињ и Орeл.

Според медиумски извештаи кои се повикуваат на планинската полиција, 32-годишен маж загинал во лавина во Валорсин, во близина на швајцарската граница. Тој скијал надвор од обележаните патеки кога лавината го исфрлила врз дрво, а подоцна им подлегнал на повредите.

Апел за зголемена претпазливост

Само еден ден претходно, во истата регија, уште три лица ги загубиле животите во лавини.

Во неделата, низ целата област Савоја биле регистрирани повеќе лавини, поради што локалните власти ги повикаа жителите и туристите да бидат „исклучително внимателни“ и строго да избегнуваат скијање надвор од уредените и означени патеки.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни