Тројца повредени, четворица се водат како исчезнати во Мадрид по делумно уривање на зграда

Три лица се повредени, а четири се водат како исчезнати по делумното уривање на зграда во центарот на Мадрид, што се случи денеска за време на реновирање, соопштија локалните власти.

Според информациите, повредените се градежни работници, од кои еден е хоспитализиран со скршеница на ногата. Во моментов, пожарникарските екипи активно трагаат по четворицата исчезнати кои се претпоставува дека се под урнатините.

Пожарникарската служба информира дека се урнале неколку ката од зградата, која била во фаза на реновирање. Зградата била обложена со заштитна церада, како што се користи при санација на постари објекти.

На местото на несреќата се присутни и полициски екипи, а истрагата за причините на несреќата е во тек.

Службите за итни случаи преку социјалната мрежа X објавија снимки од локацијата, на кои се гледа делумно урнатата фасада.

Локалните власти најавија дека спасувачките операции ќе продолжат сè додека не се пронајдат сите исчезнати лица.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни