Трогателни сведоштва за трагедија во Швајцарија: „Мојата пријателка исчезна, удирав во прозорецот со маса“

„Не можевме ништо да видиме. Прво, немаше доволно светлина, воопшто не можевме да видиме. И второ, вратата беше широка 1,5 метри, за да излезат 200 или 300 луѓе. Паѓаа, се задушуваа…“, опиша Аксел.

Во јавноста се шират трогателните сведоштва на преживеаните од пожарот во ноќниот клуб во Кран Монтана. Според најновите податоци, повеќе од 40 лица загинале, додека 119 биле повредени. Младиот Аксел тврди дека во времето на пожарот, во подрумот на клубот имало помеѓу 200 и 300 луѓе, кои се обидувале да избегаат низ вратата широка еден и пол метар.

Најмалку 40 лица загинале, а 119 биле повредени во пожар што избувнал во ноќен клуб во популарниот швајцарски скијачки центар Кран Монтана на Нова Година. Обвинителите потврдија дека причина за пожарот биле прскалки поставени на шишиња шампањ кои биле премногу блиску до дрвениот таван на ноќниот клуб каде што ноќта кога се случи пожарот имало неколку стотици луѓе.

Бројни преживеани им ги откриваат на медиумите деталите за трагедијата, поради која во Швајцарија беше прогласена петдневна жалост. Меѓу оние кои само со чудо биле спасени бил и младиот Аксел. Тој рече дека успеал да се извлече и дека самиот не знае како да објасни, успеал да избега од пожарот.

„Бев во подрумот, точно на средина. Ја држев пријателката во раце, таа се лизна. За жал, исчезна…

Морав да се заштитам од пламенот со масата. Ја превртев масата и се скрив зад неа, бидејќи огнот почна да расте и луѓето се обидуваа да се искачат. Беше преполно, па мислев дека ќе се изгорам ако се обидам да се турнам. Чекав луѓето да се качат. Трчав по нив. Не можев ништо да видам. Ја зграпчив масата и го удрив прозорецот со неа, но беше направен од плексиглас, не се скрши. Па го шутнав и сè се сруши“, објасни младиот човек за Ројтерс.

Еден излез за 300 луѓе

Според него, во подрумот во тој момент имало помеѓу 200 и 300 луѓе. Сите тие имаа само еден излез.

„Не можевме ништо да видиме. Прво, немаше доволно светлина, воопшто не можевме да видиме. И второ, вратата беше широка 1,5 метри, за да излезат 200 или 300 луѓе. Паѓаа, се задушуваа…“, опиша Аксел.

Дваесетгодишниот Марко од Милано тврди дека најмалку 20 негови пријатели исчезнале во пожарот. Тој вели дека некои се добро, некои тешко изгорени, а за некои немаат никакви информации.

„За некои пријатели, немаме никакви информации. Ни рекоа дека не можат да ги најдат. Никој не може да ни помогне да ги пронајдеме нашите пријатели“, рече Марко.

„Оваа трагедија ќе нè прогонува долго време“

Роберт, жител на Кран Монтана, чека да го види списокот на жртвите бидејќи е убеден дека познава многу од нив, бидејќи тие често излегуваат таму. Тој вели дека оваа трагедија ќе биде неизбришлива.

„Оваа трагедија ќе нè прогонува долго време. За жал, мислам дека ќе биде катастрофално за ски-центарот бидејќи е тешко да се заборават вакви трагедии, невозможно е да се заборави“, заклучи Роберт.

Иако причината за пожарот е откриена, швајцарските истражители започнаа истрага за да утврдат како прскалките можеле го запалат таванот. Тие моментално ги анализираат достапните видеа и разговараат со преживеаните. Тие исто така ќе испитаат колку луѓе биле во клубот во времето на пожарот, какви материјали биле користени во реновирањето на зградата, како и состојбата на противпожарниот систем и излезите за итни случаи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни