Тројца убиени и 45 повредени во украински напад со беспилотни летала врз фабрика во централна Русија

Во сериозен напад со беспилотни летала врз фабрика во градот Ижевск, во централна Русија, три лица загинаа, а 45 беа повредени, соопштија руските власти. Ижевск се наоѓа на повеќе од 1.000 километри од украинската граница.
epa12029412 A handout photo made available by the National Guard of Ukraine shows the site of a rocket strike in Sumy, Ukraine, 13 April 2025, amid the ongoing Russian invasion. At least 32 people were killed, including two children, and 84 people were injured, including 10 children, after a Russian rocket hit downtown Sumy in the morning, according to a report by the State Emergency Service. EPA-EFE/NATIONAL GUARD OF UKRAINE HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALESHANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Гувернерот на регионот Удмуртија, Александар Бречалов, изјави дека меѓу повредените има и шестмина со сериозни повреди. Тој исто така информирал дека го известил претседателот Владимир Путин за нападот, а подоцна беше прогласена вонредна состојба во регионот.

Цел на нападот била електромеханичката фабрика „Купол“, која произведува воени системи како ракетните системи земја-воздух „Тор“, радарски станици и системи за воздушна одбрана „Оса“. Според украинските медиуми, фабриката има и развиени беспилотни летала.

Украински функционер потврди дека два дрона со долг дострел, управувани од Службата за безбедност на Украина (SBU), ја погодиле фабриката од растојание од околу 1.300 километри. Во изјавите објавени од украинските медиуми, беше нагласено дека ваквите напади го намалуваат воениот потенцијал на Русија и покажуваат дека нема безбедни зони за нејзината воена инфраструктура, дури ни длабоко во нејзината внатрешност.

Видео снимки објавени на социјалните мрежи и потврдени од Би-Би-Си покажуваат експлозија на покривот на фабричка зграда, проследена со голем облак од црн чад.

Рускиот регулатор за цивилно воздухопловство Росавијација воведе ограничувања за операции на аеродромот во Ижевск, кои беа укинати неколку часа подоцна.

Ова е втор украински напад со беспилотни летала врз фабриката „Купол“ од ноември, при што првиот напад не резултираше со жртви.

Во меѓувреме, Русија продолжува со воздушни напади низ Украина. Во текот на викендот беа лансирани рекордни 537 беспилотни летала и ракети на различни цели, вклучувајќи ги Киев и Лавов.

Во понеделникот, украинскиот претседател Володимир Зеленски му додели постхумно признание Херој на Украина на пилотот на Ф-16, потполковник Максим Устименко, кој загина при обид да одбрани воздушен напад.

На политички план, во вторникот претседателите Владимир Путин и Емануел Макрон ги одржаа првите телефонски разговори по повеќе од две години. Макрон ја изрази силната поддршка на Франција за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и повика на прекин на огнот и преговори за трајно решение.

Во соопштението на Кремљ, Путин повтори дека украинскиот конфликт е последица на западната политика која ги игнорирала безбедносните интереси на Русија и дека мировното решение мора да биде сеопфатно, долгорочно и да ги земе предвид новите територијални реалности.

Откако Русија во февруари 2022 година започна целосна инвазија врз Украина, таа контролира околу 20% од украинската територија, вклучувајќи го и анектираниот Крим.

На бојното поле, напредувањето на руските сили кон Сумскиот регион е запрено, но Москва се фокусира на источниот Дњепропетровски регион, каде според непотврдени извештаи веќе е преземена контрола над првото село.

Два круга преговори за прекин на огнот што беа водени по иницијатива на Доналд Трамп од мај не донесоа конкретни резултати.

Минатата недела Путин изјави дека Русија е подготвена за нова рунда преговори, но додаде дека руските и украинските мировни предлози се „апсолутно контрадикторни“.

Украинскиот претседател Зеленски останува скептичен и предупреди дека Русија не покажува намера да се повлече, туку се подготвува за нови операции и на територијата на европските земји.

Американскиот високи претставник за Украина и Русија, Кит Келог, исто така изјави дека Русија не смее да продолжи да одложува додека бомбардира цивилни цели.

Москва возврати дека не е заинтересирана за одложувања и им се заблагодари на САД за поддршката.

Извор: BBC

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни