Тројца сопственици на барови во Белгија осомничени за силување на 41 жена – ставале дрога во нивните пијалаци

Белгиските власти истражуваат серија случаи на силување и сексуални напади врз најмалку 41 жена, за кои се сомнева дека им била ставана дрога во пијалаците. Главни осомничени се тројца сопственици на барови, соопшти обвинителството на Западна Фландрија, пренесува The Guardian.

Се верува дека во пијалаците на жртвите биле додавани разни дроги, меѓу кои и кетамин – општ анестетик што често се користи како рекреативна дрога поради своите халуциногени ефекти. Обвинителството истакнува дека тројцата осомничени, кои управувале со локалите каде што се случиле нападите, меѓусебно комуницирале за делата.

„Досега се идентификувани 41 жртва во периодот од декември 2021 до декември 2024 година, но истрагата продолжува за да се утврди дали има и други“, изјави портпаролката на обвинителството, Грит Де Прест.


Нуделе жестоки пијалаци со дрога

Според истрагата, осомничените на жртвите им нуделе жестоки пијалаци, најчесто со вкус на амарето, по што жените се буделе наредното утро дезориентирани, во непознат кревет или во својот дом, со јасни знаци на сексуално злоставување.

Еден од осомничените веќе е уапсен, додека вториот денеска требаше да се појави пред судија. Третиот осомничен бил пуштен на слобода, а обвинети се за силување, сексуален напад и незаконско давање штетни супстанции.

Белгискиот министер за внатрешни работи, Бернард Кантен, ги осуди нападите и ја критикуваше лесната достапност на кетаминот. „Ако дрогата е евтина и лесно достапна, тоа го олеснува извршувањето на вакви злосторства. Жените мора да имаат можност да излегуваат каде и кога сакаат – без страв за својата безбедност“, порача тој.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни