Тројца работници од Непал и Бангладеш загинаа во сообраќајна несреќа на патот Штип – Радовиш

Во несреќата го загубија животот тројца работници, од кои според првичните сознанија двајца се од Бангладеш и еден од Непал

Тројца работници загинаа, а двајца се тешко повредени во тешката сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш. Несреќата се случи утринава кога комбе, во кое се превезувале работници, излета од мостот на Балталиска река, во близина на штипското село Лакавица.

На терен излеглол и дежурен јавен обвинител.

„Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на лице место на експресниот пат Штип-Радовиш, каде комбе со петмина патници излета од патот и падна од мостот во коритото на Балталичка река.

Со комбето се превезувале работници ангажирани од фирма од Струмица. Во несреќата го загубија животот тројца работници, од кои според првичните сознанија двајца се од Бангладеш и еден од Непал, додека едно лице е тешко повредено. Возачот се здобил со лесни повреди.

ОЈО Штип презема дејствија за испитување на причините за несреќата. Се врши разговор со очевидци, а телата на починатите се дадени на обдукција. По наредба на јавен обвинител ќе биде извршено и сообраќајно вештачење“ соопшти државното Основно јавно обвинителство.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни