Тројца од повредените во пожарот во Кочани пуштени дома, состојбата на останатите е стабилна

Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани се испишани на домашно лекување, а утре се очекува да бидат пуштени уште тројца, информира министерот за здравство Арбен Таравари.

„Повеќето од повредените се подобруваат. Од вкупно 20 кои беа во критична состојба, 10 сè уште се потешко повредени, но се надвор од животна опасност. Во моментов, во државата се лекуваат 72 пациенти,“ изјави Таравари.

Министерот потврди дека пред испис сите пациенти ќе поминат токсиколошки анализи, како што одлучил Кризниот штаб.


Во државните болници се хоспитализирани 61 пациент: 34 на Клинички центар, 15 во ГОБ „8 Септември“, 11 во „Св. Наум Охридски“ и еден во болницата во Штип. Во приватните клиники, седум пациенти се во „Систина“, а четворица во „Жан Митрев“.

Во странство се испратени 101 пациент, а според министерот, можно е денеска да бидат испратени уште најмногу 10 пациенти.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни