„ТРН ВО ПРОСТОР“ за муралите на АКТО што предизвикуваат промени

Серијата мурали на АКТО, создадени за да ја слават солидарноста, правдината, соработката и слободата, доби признание од ТРН во категоријата „ТРН ВО ПРОСТОР“ за најдобра интервенција во јавен простор која поттикнува демократска промена.

Еден од највпечатливите мурали, поставен на фасадата на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, го носи насловот „Правдината се танчи, но не се кинит“ и веќе стана симбол на борбата за заеднички вредности. Останатите три мурали се распоредени низ Скопје и Кичево, носејќи силна порака за заедништво и неопходноста од солидарност.

„Благодарни сме за ова признание кое ни е поттик за уште посилни и пообемни интервенции во јавниот простор. Нашата цел е уметноста да биде двигател на општествени промени“, изјавија од тимот на АКТО.

Овие четири дела, создадени со учество на уметници и активисти, претставуваат траен визуелен потсетник дека вистинските промени се постигнуваат само преку заедничка борба.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни