Трн на Д фестивал: Штип може да стане слободна фестивалска зона

Д Фестивал 2025“ годинава беше прв пат во Штип под мотото „Почувствувај ја љубовта, почувствувај го градот“. Внимание ги праша посетителит што лично очекуваат од фестивалот. Еве што ни кажаа: „Многу забава, многу позитивна енергија, и многу донации за Кочани преку Support Кочани“, „Љубов, дружба, музика, дружење, и само убај чувства“, „Многу музика, забава, пиво и љубов“, „да си поминам најубо, позитивна енергија, позитивни луѓе, добра музика“, „вајбот е добар“, „добра атмосфера и добар провод за сите…“, „Музика, енергија, млади луѓе, позитива“.

На прашањето „Кој ти е омилен артист, бенд, и зошто?“, фестивалџиите рекоа: „GWASS, само една песна, они одма ме навлекоа“, „Дефинитивно Буч Кесиди, веќе сите песни им ги знам напамет“, „Архангел, затоа што свири македонска музика“, „Ги сакам Архангел, ги сакам Паркети, Драган Мијалковски беше исто добар“, „Систерс оф Мерси се закон, нема муабет за нив“, „Фолтин засекогаш, битолчани, наши, најубаи, тоа е – Пијан Славеј.“

Ги прашавме и посетителите дали Штип може да прерасне во слободна фестивалска зона, и што значи за нив слободна зона: „Јас сум сигурна дека ќе прерасне…“, „Слободна зона е нешто кај што сите луѓе може добро да си поминат и да не им е страв од коментари и дофрлања“, „Да може секој да си биде како што сака да биде“, „Место каде што едноставно може да се ослободиш…“, „За мене ова е слободна зона“, „Како што Дојран беше… и Штип го има тој капацитет, ги има тие убај луѓе“, „Добра алтернатива е ова, ама ништо не може да се рамни со Дојран“, „Треба да има и камп места, оти нема доволно станови“, „Искрено, ми фалит мене вода, иначе се си е ОК…“.

На прашањето „Дали ти фалат комарците од Дојран?“ – посетителите велат: „И овде имат…“, „Дефинитивно не“, „Апсолутно не“, „Имаме си ги и тука, у Штип ќе видете, рано е“, „У, овде појќе касаат овие, овие се нешто на стероиди комарци, брат“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни