Трн.мк  со поддршка за „Слободен печат“ во нивната одбрана од злонамерните ботови

Редакцијата на Трн.мк со целосна поддршка и солидарност застанува зад колегите од Слободен Печат кои се соочија со координиран масовен напад

Редакцијата на Слободен печат овие денови беше цел на масовен напад од таканаречени ботови на нивината официјална страница на Инстаграм.

Како што информираат колегите официјалните профили на „Слободен печат“ (СП) на „Инстаграм“ беа цел на координиран ботски напад.

Редакцијата на Трн.мк со целосна поддршка и солидарност застанува зад колегите од Слободен Печат кои се соочија со координиран масовен напад.

„Во рок од неколку секунди на 6 ноември под една објава беа испратени над 100 идентични коментари со зборот „лајк“ (like) од сомнителни профили, најмногу од странство. Истата појава продолжи и под следните објави, со стотици коментари од профили кои немаа никаква врска со публиката на Слободен Печат“ велат оттаму.

Како резултат на тоа, платформата „Мета“ автоматски активираше т.н. „шедоу бен“ (shadow ban) — ограничување на видливоста на нашите објави. Со тоа овој напад имал јасна цел — да се намали видливоста на „Слободен печат“ и да се поткопа довербата во медиумот.

Со цел да се намали штетата Слободен Печат побара поддршка од читателите и истата ја доби во рекордно брзо време.

За 12 часа над 8.000 луѓе влегоа со интеракција на конкретната објава со интеракција со што органскиот досег, преку сторињата и објавата, остана исклучително висок, и покрај ограничувањата од алгоритмот.

„За првпат откако постоиме се соочуваме со ваков низок удар, но токму во тие моменти ја почувствувавме можеби најголемата поддршка досега. Цела ноќ пристигнуваа нотификации, пораки и коментари со зборови на охрабрување – и сè уште пристигнуваат„, велат од СП.

Редакцијата на „Слободен печат“ им благодари на сите што споделија, коментираа и испратија пораки. Ги имаме најдобрите читатели, луѓе коишто вистински се грижат за постоењето на „Слободен печат“, порачаа од СП.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни