Трката на Водно го менува сообраќајот: Посебен режим утре во Скопје

Поради одржување на атлетска трка, утре (29 март) во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај. Трката на 10 километри ќе започне во 10 часот, а трасата ќе се движи од Средно Водно по регионалниот пат кон манастирот Св. Пантелејмон и назад.

Од Министерство за внатрешни работи информираат дека сообраќајот ќе биде пренасочуван по околните сообраќајници, а на терен ќе има полициско обезбедување.

Надлежните апелираат до граѓаните да ги почитуваат насоките на полициските службеници и да бидат внимателни доколку се движат во овој дел од градот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни