Тринидад и Тобаго ќе ги тргаат бродовите на Кристофер Колумбо од нивниот грб

Властите во Тинидад и Тобаго се решени да го менуваат грбот на оваа островска држава за прв пат од нејзината независност во 1962 година, за да ги отстранат остатоците од европската колонизација.

Трите бродови на Кристовер Колумбо ќе бидат заменети со популарниот ударчки инструмент „стилпен“ (steelpan), кој потекнува од овој остров на истокот на Карибите.

Премиерот Кит Раули најави дека новиот грб ќе биде претставен до крајот на септември.

„Тоа би требало да покаже дека сме на пат кон отстранување на колонијалните остатоци од нашиот Устав“ нагласи Раули.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни