Ова денеска го соопшти министерката за одбрана на Шпанија, Маргарита Роблес.
„Го довршуваме медицинското опремување на авионот А-400 кој ќе полета за Аман, од каде ќе ги преземеме болните деца и нивните семејства од Газа. Потоа тие ќе бидат хоспитализирани и лекувани во шпански болници,“ изјави Роблес пред новинарите.
Авионот требаше да полета за Аман во текот на денот. Ова не е првпат Шпанија да прими болни палестински деца од Газа. Таа е меѓу најгласните критичари на израелската офанзива во регионот, која трае од почетокот на конфликтот меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас.
Министерката ја осуди хуманитарната катастрофа во Појасот Газа, посочувајќи: „Ситуацијата таму е апсолутно ужасна. Нивото на суровост што го покажува (израелскиот премиер Бенјамин) Нетанјаху е целосно неприфатливо. Мислам дека меѓународната заедница мора итно да реагира.“
Шпанската влада, предводена од социјалистот Педро Санчез, веќе во понеделникот најави дека ќе испрати 12 тони храна за Газа со воздушен транспорт, како дел од пошироките напори за поддршка на цивилното население кое страда од последиците на воениот судир.
Извор: N1info.rs