Трик за отстранување на дамките од шољите

За дамките кои често ги гледаме на шољите, „виновни“ се танините, растителните соединенија кои се присутни во чајот и во кафето. Иако не се штетни, тие можат да изгледаат лошо, а понекогаш дури и тешко се отстрануваат со стандардно миење. Иако многу луѓе посегнуваат по јаки средства за миење, сепак постои природно и едноставно решение кое дејствува само за пет минути. Тоа е лимонската киселина. 

Лимонската киселина, благодарение на својата кисела природа, ефикасно ги раствора овие тврдоглави дамки. Покрај тоа, има и природни антибактериски својства, па истовремено ја дезинфицира чашата. 

Се што ви треба за овој метод е една лажица лимонска киселина и врела вода. Во извалканата чаша се става лимонска киселина, па се додава врела вода, колку да ја покрие дамката. Доколку дамките се присутни и на повисоките делови од чашата, се препорачува целата чаша да се наполни со вода. Растворот се остава да делува пет минути. По пет минути, чашата се исплакнува со топла вода од чешмата и се мие со детергент за садови. 

Резултатот е целосно чиста чаша без траги од дамки. Овој метод е особено корисен затоа што не бара триење, што значи дека нема да има гребнатини на внатрешната страна на чашата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни