Трик со авокадо што сите го занемаруваат: Еве како секогаш да изберете совршено зрел плод

Авокадото, познато како крал на здравите масти, сѐ почесто се наоѓа на нашите трпези – од салати и смути до неизбежниот авокадо тост.

Но, речиси сите сме го доживеале разочарувањето при купување, кога плодот е тврд како камен или, пак, веќе презреан и кашест. За среќа, постои еден едноставен, но често занемарен трик кој може да ви помогне секогаш да одберете совршено авокадо – погледнете ја неговата точка.

Што ни кажува малата точка на врвот на авокадото?

На врвот од секое авокадо, токму на местото каде што била гранката, се наоѓа мала кружна капичка – точка која всушност ја штити внатрешноста на плодот. Токму таа точка може да биде одличен показател за зрелоста:

  • Светлозелена или жолтеникава точка: Авокадото сè уште не е зрело и му требаат неколку дена да омекне.
  • Кафеава или темна точка која лесно се вади или се поместува: Плодот е зрел и подготвен за консумирање.
  • Недостиг на точка: Ако капичката веќе отпаднала, можно е дека авокадото е презреано и внатрешноста почнала да потемнува.

Како да го комбинирате трикот со класичното притискање

За најдобар резултат, се препорачува комбинација од визуелна и тактилна проверка. Лесно притиснете го авокадото со врвовите на прстите:

  • Ако плодот благо попушта, но не е премек – подготвен е за јадење.
  • Ако точката е темна и авокадото попушта при притисок – совршено е зрело.
  • Ако точката е светла, а плодот е веќе мек – оставете го уште ден-два на собна температура за целосно да дозрее.

Чување на авокадо

Ако планирате да го јадете авокадото истиот ден, одберете плод со потемна точка и благо мек при притисок. Ако го купувате за подоцна, земете оној со светла точка и оставете го на собна температура да дозрее. Кога ќе стане зрел, ставете го во фрижидер за да го забавите зреењето и да ја продолжите неговата свежина.

Благодарение на овој едноставен трик, повеќе нема да треба да нагаѓате – вашето авокадо ќе биде совршено зрело секојпат!

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни