Трик од пет секунди за смирување по расправија на парнтери

Расправиите во врската не се ништо невообичаено, но еден трик е доволен за таквите расправии да бидат завршени брзо и безболно.

За време на следната расправија со саканата личност, трикот кој треба да го примените е да направите пауза од пет секунди, што ги ублажува емоциите и бесот. Истражувањето спроведено од истражувачите од шкотскиот Универзитет Сент Ендрус, испитувало 81 пар и е објавено во магазинот „Nature“.

„Сакавме да видиме дали можеме да ги намалиме негативните емоции и агресијата со тоа што ќе ги промоправме луѓето да направат кратка пауза“ вели Ана Мекари, докторантка по психологија и невронаука на Универзитетот, која ја водеше студијата.

Мекари и нејзиниот тим биле изненадени од наодите од истражувањето кое покажало дека пауза од 5, 10 и 15 секунди имаат ист ефект на намалувањето на негативните емоции и агресивното однесување меѓу паровите.

„Бевме убедени дека пет секунди нема да бидат доволни“ признава таа.

Студијата ја спровел тим на истражувачи вештачки креирајќи иритација и емоции кои нормално ги чувствуваме кога сме лути. Паровите морале да играат натпреварувачка игра за време на која испуштале непријатни звуци еден на друг со јачина на звукот по свој избор.

Во експериментот, личноста која била на ред, морала да чека 5, 10 или 15 секунди пред да одлучи со која јачина ќе го репродуцира звукот.

Во меѓувреме, камера од 360 степени ги снимала нивните емоции. Специјален систем на машинско учење потоа од движењата на мусклулите заклучувал кои емоции тие ги чивствувале за време на експериментот.

Тимот на истражувачи открил дека паровите обично се на исто ниво на гресија, но кратката пауза ги намалува или елиминира негативните емоции.

Според раководителката на студијата, важно е да се напомене дека овие наоди се однесуваат на секојдневните расправии помеѓу паровите, а не на случаите со насилство или злоставување во семејството.

„Докажавме дека паровите кои се расправаат за секојдневните работи, деца или домашните задачи, може да напправат пауза од пет секунди. Тоа може да им помогне и е бесплатно“ вели Мекари.

Други експерти за психологија исто така велат дека ваквите паузи се пракса која долго се препорачува во советувалиштата за партнери.

„Луѓето се помалку импулсивни по мала пауза“ вели Марико Висерман, доцент по психологија на Универзитетот во Сасекс, која не била вклучена во истражувањето.

„Чекорот наназад може да ни помогне да ја согледаме широката слика и да се потсетиме дека го сакаме својот партнер и не го мразиме“ објаснува таа.

Џенет Рибстајн, клинички психолог и пензиониран професор по психоогија на Универзитетот во Екстер  вели дека трикот од пет секунди е особено корисен.

„Паровите се чувствителни едни на други, бидејќи нивната врска им е важна“ вели тој.

Иако пет секунди изгледаат кратко, експертите се согласуваат дека за така кратко време може да се постигне многу повеќе од што се мисли.

„Ова покажува колку брзо работи нашиот мозокот. Мора да си дадеме време самите на себе за мозокот да ја вклучи својата магија“ вели Висерман.

 Таа додава дека во случај на посериозни расправии и посилни емоции, препорачливо е да се направи подолга пауза.

Меѓутоа, нејасно е дали овие наоди се однесуваат на општата популација, бидејќи повеќето од учесниците биле стундети кои не живеат заедно, предупредува психологот Одри Танг.

„Поинаку е ако парот живее заедно или е во брак осум години. Динамиката се менува, како и начините на борба, техника и стратегија“ вели таа.

Извор: Н1

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни