Најбрзиот трик за чистење перници – без перење и без детергент

Трик на „кралицата на чистењето“ што ги отстранува бактериите, прашината и непријатните мириси за само 20 минути.

Перењето перници честопати делува како вистински предизвик: машината може да го оштети полнењето, сушењето трае долго, а процесот изискува подготовка. Иако навлаките се прва заштита од нечистотии, со време на перниците се таложат прашина, пот и грини.

Но, според популарната блогерка за одржување на домот Линдзи – позната како „кралицата на чистењето“ – постои брз и неочекувано едноставен начин за освежување на перниците: краток циклус во машината за сушење, без никакво перење.

„Програмата за сушење од 20 минути е доволна за да ја отстрани влагата, мирисите и дел од бактериите, бидејќи топлината делува како природна дезинфекција“, објаснува таа. Според Линдзи, перниците со време стануваат речиси двојно потешки поради наталожена мртва кожа и прашина, па брзото термичко освежување е идеален начин да се продолжи нивниот век.

Таа додава: „Не заборавајте дека перниците треба да се менуваат на секои две години. Ако веќе станале нерамни – време е за нови.“

Трикот нуди повеќе придобивки. Пред се, отстранување на бактерии преку топлина и брзо освежување без перење и без детергент. Со тоа перниците имаат продолжен век и помал ризик од таложење на алергени.

Трикот ја привлече вниманието на илјадници корисници на социјалните мрежи, кои велат дека планот им звучи едноставно, брзо и практично – нешто што можат да го направат веднаш, без дополнителни подготовки.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни