На повеќе од 20 штандови, посетителите ќе можат да разгледаат производи кои, како што велат организаторите, дефинитивно заслужуваат втора шанса, односно добро сочувано парче гардероба, чевли, накит, книга итн.
,,Трендот на големите градови и културата на рециклирање и рекреирање сакаме да го донесеме и во Македонија. Колку понапредни општества, толку повеќе се води сметка за околината и животната средина, а во случајов се’ погласна и популарна е орджливата и циркуларна мода. На овој начин ја избегнуваме и поддршката на фабриките за масовна продукција, кои сезонски создаваат нови трендови и преку агресивен маркетинг сакаат да ни наметнат имулсивно и несвесно конзумирање на текстил за кој не сме ни сигурни дали ни е потребен”, велат организаторите на настанот и додаваат: ,,Дојдете за да не ви раскажуваат”.