Друштвото за македонско-полско пријателство „Висла“ и Државното музичко училиште од Битола, ќе приредат Шопенова вечер.
Јубилејниот, 30-ти по ред концерт на младите музички таленти од Битола ќе се одржи вечер во битолскиот Офицерски дом.
Од Културно информативен центар (КИЦ)-Битола информираат дека организацијата и одржувањето на концертот на младите музички таленти, на јубилејната 30. Шопенова вечер е поддржан од Амбасадата на Република Полска во Скопје и Друштвото на музички уметници, ДМУ-Битола