Нa 2 јули во 20.30 во Галерија 2 во Младинскиот Културен Центар ќе биде отворена изложбата “Триесет моменти македонска убавина”, фотографии на Бобан Китановски.
Бобан Китановски е роден 1975 година во Скопје. Со фотографија почнува да се занимава од 2011 година од кога датираат и неговите почетоци во планинарењето. Импресиониран од нашите планини, особено од Кораб, Шар Планина и Пелистер, решава да остави траен белег од прекрасните предели на македонските предели.
Со прва изложба на фотографии се претстави во КИЦ-Скопје на која беа изложени фотографии на иницијатива од ПД Трансверзалец од Скопје фотографии од планинарски акции од проектот “Предизвик 12 врвови.
Втората изложба на Скопско културно лето е од посебен карактер и се претставува со 30 фотографии што кои му се најомилени од досегашното негово фотографско хоби.
“Македонските планини и натаму продолжуваат да бидат моја најголема инспирација” -истакнува Китановски. Изложбата ќе биде отворена до 10 јули.