Тридневни професионални филмски средби и работилници со францускиот филмски продуцент Паскал Јуделевиќ 

Денес, предвидени се неколку средби околу проектот на Јуделевиќ, „7 дена, 1 филм”, со неколку филмски професионалци од Северна Македонија

Од вчера, вторник 27 јануари 2026, започнаa тридневните професионални филмски средби и работилници со францускиот филмски продуцент Паскал Јуделевиќ, председател на Акажу продуксион од Париз, со четириесетгодишна кариера и повеќе од 30 продуцирани филмови.

Најпрвин, г-дин Сашко Потер Мицевски, директор на Агенцијата за филм, срдечно ги пречека г-дин Грегоар Жислер, директор на Францускиот институт во Скопје и советник за соработка и култура при Амбасадата, и г-дин Паскал Јуделевиќ на состанок. Веднаш по работниот состанок, се одржаа работилници со десет носители на проекти, коишто ги презентираа своите проекти и добија професионални видувања од страна на францускиот продуцент Јуделевиќ, како и потенцијални можности за соработка.

Денес, предвидени се неколку средби околу проектот на Јуделевиќ, „7 дена, 1 филм”, со неколку филмски професионалци од Северна Македонија.

Во четврток, 29 јануари 2026, предвидена е работилница за пишување сценарио на Факултетот за драмски уметности, во рамките на која ќе бидат опфатени основите на драматургијата, конструкцијата на нарацијата и преминот од идеја во сценарио.
Оваа работилница е наменета пред сè за студенти, млади автори и идни филмски работници.

Преку оваа тридневна програма, Амбасадата на Франција, Францускиот институт во Скопје и Агенцијата за филм на Република Северна Македонија ја потврдуваат заедничката посветеност на филмското творештво преку едукацијата на младите професионалци и дијалогот помеѓу француската и македонската филмска сцена, како и организација на сеопфатни активности во доменот на филмот предвидени со Договорот за копродукција помеѓу Франција и Северна Македонија, потпишан помеѓу двете земји во февруари 2021 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни