Тридневен национален штрајк ја парализира Белгија: јавниот превоз, училиштата и болниците стопирани

Во Белгија денес започнува штрајк што ќе трае три дена, во знак на протест против социо-економските реформи на владата.

Во Белгија денес започна тридневен национален штрајк кој цели да ги прекине основните јавни услуги и да го спротистави пактот на владата за заштеди и реформи. Страни на штрајкот се трите најголеми синдикати во земјата, кои ја обвинуваат централната власт за намалување на правата на работниците, скратување на социјалните придобивки и нерамноправно воведување нови даноци. Штрајкот се одвива во три фази: првиот ден стапија во штрајк јавниот превоз и железницата, вториот ден се приклучуваат градинките, училиштата и здравствените установи, а третиот ден – генерален штрајк кој треба да зафати и приватниот сектор.

Овие мерки доаѓаат откако владата, го договори новиот неколкугодишен план за буџетски заштеди. Според предлогот, предвидено е зголемување на даноците на хартиите од вредност и повисок ДДВ за одредени производи – мерки што синдикатите ги оценуваат како удар врз стандардот на работничката класа.

Први ефекти од штрајкот се веќе видливи: железничкиот сообраќај на натоварени линии е сериозно пореметен, јавниот превоз во Брисел функционира со големи ограничувања, а школите и болниците најавуваат делумно или целосно затворање. Синдикалните лидери веќе предупредија дека ако владата не ги отфрли спорните реформи, штрајкот може да прерасне во долгорочна акција.

Иако владата го оцени сериозно штрајкот и најави преговори, синдикатите остануваат решени: бараат повлекување на мерките и инклузивен дијалог со вработените. Белгија, која долго време беше модел на социјален консензус, сега се соочува со можност за преголема конфронтација во јавниот сектор – што може да има значајни импликации и врз стабилноста на економијата и функционирањето на државниот систем.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни