Три земјотреси посилни од 5 степени го погодија регионот на Северните Курилски Острови

Три земјотреси со јачина поголема од 5,0 степени според Рихтеровата скала се регистрирани утрово во Тихиот Океан, во близина на Северните Курилски Острови, соопшти сахалинската филијала на Единствената геофизичка служба при Руската академија на науките.

Последниот, трет земјотрес се случил во 10:12 часот по локално време (02:12 по московско), пренесе Интерфакс. Според податоците, потресот со јачина 5,1 степен имал епицентар на 127 километри источно од градот Северо-Курилск, на островот Парамушир, на длабочина од 10 километри под морското дно.

На самиот Парамушир, земјотресот се почувствувал со интензитет од 2 до 3 степени, но не е издадено предупредување за цунами.

Претходно, во истиот регион биле регистрирани уште два земјотреси со јачина 5,2 и 5,3 степени, од кои еден исто така бил почувствуван на Парамушир. И во тие случаи немало опасност од цунами.

За сега нема информации за материјална штета или повредени лица.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни