Три светски сили ја признаа Палестина. Нетанјаху бесен, се бара итна воена акција

Велика Британија, Австралија и Канада официјално ја признаа државата Палестина, што предизвика гнев кај израелските власти и повици за итна воена акција. Какви се последиците за регионот?

Велика Британија, Австралија и Канада денеска официјално ја признаа Државата Палестина, објавија светските агенции.

Британскиот премиер Кир Стармер објави официјално признание на Државата Палестина, истакнувајќи дека Обединетото Кралство го направило тоа „за да ја разбуди надежта за мир и решение со две држави“ помеѓу Израелците и Палестинците.

„Денес, за да ја разбудиме надежта за мир и решение со две држави, јасно изјавувам, како премиер на оваа голема земја, дека Обединетото Кралство ја признава Државата Палестина“, изјави Стармер во видео објава на социјалните мрежи.

Одлуката има голема симболична тежина

Одлуката на трите држави да ја признаат Палестина ги става на страната на околу 140 други земји кои исто така ја поддржуваат палестинската аспирација за независна држава на териториите окупирани од Израел.

Се очекува и други држави, вклучувајќи ја Франција, да го следат нивниот пример неделава за време на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Признанието од Велика Британија има особено силна симболика со оглед на нејзината клучна улога во создавањето на современиот Израел по Втората светска војна.

Израелски екстремни министри бараат анексија

Крајно десничарските израелски министри Итамар Бен Гвир и Безалел Смотрич денеска повикаа на анексија на Западниот Брег како одговор на признанието на Палестина од Австралија, Британија и Канада.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни