Три суплименти кои може да се опасни доколку ги земате погрешно

Фармацевтката Аријана Медизаде, позната на социјалните мрежи како @thewellnesspharm, предупредува на потенцијалните опасности од неправилно земање популарни додатоци во исхраната. Во нејзиното видео на TikTok, таа зборува за трите најчести грешки што ги прават луѓето и советува како правилно да ги користат суплементите за оптимално здравје.

Не земајте витамин Д3 без витамин К2

Медизаде нагласува дека земањето витамин Д3 без витамин К2 е грешка што може да доведе до сериозни проблеми. Кога се зема сам, витаминот Д3 може да предизвика таложење на калциум во артериите наместо во коските, што може да го зголеми ризикот од калцификација и васкуларни проблеми. Витаминот К2 помага правилно да се дистрибуира калциумот во телото – во коските, а не во крвните садови.

Истражувањата потврдуваат дека комбинацијата на Д3 и К2 ја подобрува апсорпцијата на калциум во коските и го спречува таложењето во артериите. К2, исто така, помага во одржување на нормалното згрутчување на крвта, додека Д3 ја зајакнува функцијата на мускулите и имунолошкиот систем. Многу луѓе имаат дефицит на К2 во нивната исхрана, бидејќи се наоѓа главно во ферментирана храна што не е вообичаена во современата исхрана.

Кантарион – опасна интеракција со лекови

Друг додаток во исхраната на кој треба да се внимава е кантарионот, познат по своите природни својства за намалување на анксиозноста. Сепак, Медизаде предупредува дека може сериозно да влијае на ефикасноста на одредени лекови, особено на оралните контрацептиви и антидепресивите. Кантарионот го забрзува метаболизмот на другите лекови, што може да ги направи помалку ефикасни.

Националниот институт за здравје потврдува дека кантарионот делува како „индуктор на CYP3A4“ – хемиско соединение кое го забрзува разградувањето на лековите во телото, што може да доведе до нивно намалено дејство.

Избегнувајте комбинација на цинк и магнезиум

Медизаде исто така советува да не се земаат цинк и магнезиум во исто време бидејќи се натпреваруваат за апсорпција во телото. Двата минерали се есенцијални за здравјето, но кога се земаат заедно, телото не може целосно да ги апсорбира, што може да резултира со недостаток на едниот или другиот. Истражувањата исто така сугерираат дека високите дози на цинк можат да ја спречат апсорпцијата на бакар, што може да доведе до дефицит на бакар и проблеми со здравјето на коските.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни