Три скриени CarPlay функции кои пристигнаа со iOS 18

Технолошките канали на Јутјуб започнаа да ги објавуваат новите можности на iOS 18, откако ажурирањето стана достапно за корисниците на iPhone. Помеѓу новите можности има и неколку скриени функции.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Фото: iphonedigital/Flickr

Ако сте корисник на CarPlay, ќе ви биде мило да знаете дека Apple додаде неколку промени во системот за автомобили додека го чекаме долгоочекуваното целосно обновено искуство на CarPlay.

Со функцијата Announced Notifications ќе може вашиот телефон да ви ги прочита резимеата од известувањата кои ги добивате на вашиот телефон доколку користите AirPods слушалки или Car Play.

iOS18 исто така ја носи и поддршката за Spatial Audio, односно сега ќе може да ги слушате песните кои поддржуваат просторно аудио да ги слушате кога сте поврзани на CarPlay. Оваа функција е значајна за корисниците кои во возилата имаат повеќеканално аудио. Просторното аудио со поддршка за Dolby Atmos може да се имплементира и во одредени возила.

Поставките за пристапност со филтри во боја, задебелен текст, контрола на глас и препознавање звук сега се достапни во CarPlay во iOS 18, обезбедувајќи еднакво искуство на  iPhone и во возилото.

Покрај овие промени, Apple би можел да додаде нови функции. Компанијата работи напорно за да ги испорача претстојните функции на Apple Intelligence, кои се очекуваат подоцна следниот месец.

Со оваа нова платформа, Apple сака да го олесни искуството на корисниците на iPhone со нудење на низа функции помогнати од вештачка интелигенција.

Најново

Последни колумни