Три симптоми кои предупредуваат дека вашиот телефон е подготвен за одење во пензија

Кога треба да го смениме мобилниот телефон, односно да си купиме нов?

За да го откриете одговорот на прашањето, „Дали е дојдено времето за да се подновите со нов мобилен апарат“?, ќе треба да ги проверете овие три симптоми.

Ако вашиот телефон често се кочи, се прегрева, има слаба батерија или повеќе не добива безбедносни ажурирања, тогаш најверојатно е време да си купите нов уред.

Симптом 1: Телефонот се кочи и се прегрева без причина

Ако забележите значително забавување во работата на вашиот уред, како што се проблемите со непречено лизгање, скролање на екранот, прекини при движење на прстите, чести прекини на апликацијата или, пак, без некоја причина се случува прекумерно загревање, тогаш најверојатно перформансите на телефонот се ослабени.

Проверете ја вашата меморија и слободниот простор:

-Избришете ги апликациите што ретко ги користите;

-Избришете ги непотребните слики и видеа и исчистете ја кеш меморијата.

Ако вашиот телефон, и покрај ослободениот дополнителен простор, сè уште работи слабо, тогаш можеби дошло вистинското време да су купите нов уред.

Симптом 2: Батеријата брзо се троши и не се полни

Литиум-јонските батерии имаат ограничен број циклуси на полнење, обично помеѓу 500 и 800 полнења, по што нивниот капацитет значително опаѓа.

Некои опции може да помогнат да се продолжи траењето на батеријата, како што е избегнувањето на полнење до 100% или целосното празнење. Корисниците на iPhone можат да го проверат статусот на батеријата во поставките – ако капацитетот падне под 80%, се препорачува да ја замените батеријата.

Меѓутоа, ако веќе батеријата сте ја замениле повеќе пати, а таа и понатаму сè уште не трае доволно долго, купувањето нов телефон може да биде поисплатливо решение.

Симптом 3: Телефонот повеќе не добива системски и безбедносни ажурирања

Ако вашиот телефон повеќе не добива безбедносни ажурирања, тоа значи дека новите функции повеќе нема да бидат достапни и дека уредот може да биде изложен на сериозни безбедносни ризици.

Во последните неколку години, производителите на телефони со Android ја подобрија својата поддршка за ажурирања, а сега Samsung и Google нудат до 7 години безбедносни и софтверски ажурирања на нивните водечки модели. 

Ако вашиот уред повеќе не добива ажурирања, тоа е валидна причина да размислите да купите нов телефон за да останете заштитени и безбедни.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни