Факт е дека огромен број на врски завршуваат неуспешно. Сигурно ќе поминете или веќе сте поминале низ барем неколку врски пред да го запознаете вистинскиот. Најверојатно сте скршиле нечие срце и/или некој го скршил вашето. Во моментите кога оној со кого сте во врска решил да ви каже збогум, веројатно сте се запрашале која е причината, особено ако таа не била очигледна.
Еве дел од најчестите причини поради кои мажите решаваат да им раскинат на своите партнерки:
Манипулација преку „љубовни игри“. И мажите не се невини кога се работи за користењето на тактики за зачувување на доминацијата во врската и изнудување на нешто, но жените почесто се служат со тактики за манипулација или за казнување на партнерот за некоја лоша постапка. Имено, жените преку молчење или воздржување од секс често се обидуваат да им одржат лекции на мажите. Понекогаш ваквите женски постапки се причина за мажите да стават крај и да заминат.
Отсуство на сексуални односи. Раскинувањето поради отсуство на секс е толку често што ако не ви се случило вам, тогаш сигурно ѝ се случило на ваша пријателка. Реалноста вели дека огромен број на мажи ги напуштаат своите девојки затоа што тие не се подготвени да им се предадат. Некои одат и дотаму што ги уценуваат своите девојки и им поставуваат ултиматуми.
Чести љубоморни сцени. Колку и да сакате некој, ако тој секојдневно страда од испади на љубомора, го контролира секој ваш чекор и постојано ве испрашува, еден ден ќе ви дојде преку глава. Истото се случува и кај мажите. Љубоморните сцени кога се ретки се слатки, но кога ќе зачестат се вистински убиец на страста и на хармоничните односи.
Извор: 24sedam.rs