Три претстави на третиот ден на фестивалот „Игор Маџиров“

Детско-играната претстава „Момчето со куферот“ во режија на Дамјан Кецојевиќ, во продукција на Мал театар „Душко Радовиќ“ од Белград, ќе биде изведена денеска во 11 часот на сцената на Театар Комедија. Претставата е во рамките на Фестивалот за детски театар „Игор Маџиров“ и е наменета за деца над 11 години.
Играат: Младен Леро, Јелена Илиќ, Јована Цветковиќ, Јелена Чурувија Ѓурица, Дубравка Ковјаниќ и Недим Незировиќ.

„Момчето со куферот“ е приказна за едно момче кое е принудено да го напушти својот дом на возраст од 12 години. Во неговиот мал куфер, тој го носи неговото најголемо богатство – „приказните за лека ноќ“ од неговите родители. Со помош на овие приказни и едно девојче Крисиа, тој ќе успее да го сретне неговиот брат на безбедно тло.

Во 17 часот на сцената на Албанскиот театар за деца и младинци во Скопје, ќе биде изведена претставата „Пинокио и Црвенкапа во потрага по Аладиновата ламба“ во режија на Ибрахим Деари. Играат: Елдин Широки, Деа Пајазити
, Мумин Абдулаи, Блерим Дардишта, Илир Речи, Валдета Исмаили и Беќир Адеми
Драмскиот текст кој е предлошка на оваа претстава преку средствата на постмодернистичкиот цитат користи ликови егзистенции кои во новата приказна влегуваат со своите веќе постоечки биографии. За децата претставува посебна магија тоа што ги гледаат своите веќе познати херои кои влегуваат во нова приказна каде што се среќаваат со нови предизвици. Претставата изобилува со музика и сценски ефекти кои на динамичен начин ја збогатуваат актерската игра. Низ интерактивно вклучување на публиката, оваа претстава на децата им дава чувство на блискост со самиот процес на создавањето на овој магичен свет.
Во терминот од 19.30 часот на сцената на Театарот за деца, ќе гостува Градскиот куклен театар од Риека. Игра Златко Вичиќ.

Во едно село, луѓето се вселиле во куќичките што си ги понеле со себе. Само со една мала куќичка не знаеле што да прават и ја ставиле високо на еден рид. Луѓето сега си живеат, си работат, се одмораат, си раскажуваат приказни насекаде. А куќичката е сама на ридот, тажна и лута зашто ја заборавија. Кога веќе не знаат каде да смислат нова приказна конечно се сеќаваат на куќичката. И така кога куќичката си добива своја смисла станува мала библиотека и конечно е среќна. Среќната куќичка и денес се наоѓа во Горњи Кути во Горски Котар и таа е една од најмалите библиотеки и читални на светот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни