Три нови Едукативни прирачници посветени на Споменикот на Природа Вевчански Извори

Еко-свест промовира три нови Едукативни прирачници посветени на Споменикот на Природа Вевчански Извори. Првото издание е Споменик на Природа Вевчански Извори- Експериментално поле за млади научници, што е практичен водич за наставници од повисоки одделенија за спроведување активности во природа.

Второто издание е Споменик на Природа Вевчански Извори – Игралиште за млади истражувачи што е Практичен водич за наставници од пониски одделенија за спроведување активности во природа и последното е Споменик на Природа Вевчански Извори – Природата во очите на децата наменет за воспитувачи во градинки за активности во природа.

„Со овие едукативни прирачници сакаме уште од најрана возраст да ги поврземе децата со природата, а особено со игри и учење на отворено. Eдукативните прирачници опфаќаат три возрасни групи, од предшколска возраст, пониските како и повисоките одделенија во основно училиште. Во себе содржат голем број на практични совети, забавни и едукативни игри. Можат да ги користат наставниците, едукатори но и самите ученици во своите еко-секции и активности надвор од училиштето“ , вели издавачот.

Прирачниците се изработени како дел од проектот “Поддршка на одржливо управување со Споменикот на Природа Вевчански Извори” спроведуван од Еко-свест,а финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни