Три намирници што треба да ги избегнувате ако сакате да го зачувате мозокот здрав

Научете кои три намирници се најштетни за здравјето на мозокот според невролозите и како медитеранската исхрана може да го заштити вашето паметење и когнитивни функции

Иако често се дискутира за поврзаноста меѓу исхраната и ризикот од деменција, експертите се согласуваат дека медитеранската исхрана е одлична основа за здрав живот, што индиректно ја поддржува и функцијата на мозокот.

Сепак, невролозите предупредуваат дека постојат одредени намирници кои треба да се избегнуваат, а три се издвојуваат како „најштетни за здравјето на мозокот“.

Друштвото за Алцхајмерова болест објаснува дека медитеранската исхрана, богата со овошје, зеленчук, интегрални житарки и масна риба, е клучна за зачувување на здравјето на мозокот.

„Еден од причините зошто медитеранската исхрана се смета за корисна е тоа што е богата со антиоксиданси од овошјето и зеленчукот. Тие можат да помогнат во заштита од оштетувања на мозочните клетки поврзани со Алцхајмерова болест“, наведуваат од Друштвото. Истражувањата покажале дека овој начин на исхрана може да биде корисен за одржување на меморијата и когнитивните способности. Недавно истражување дури сугерира дека таквата исхрана може да го намали ризикот од деменција за 23 проценти.

Но, додека некои намирници помагаат, други активно штетат. Експертите издвоиле три што треба да се сведат на минимум.

Три намирници што штетат на мозокот

Газирани пијалаци

Поради исклучително високата содржина на шеќер, неврологот д-р Шахин Лакхан смета дека газираните пијалаци се една од најлошите опции за мозокот.

„Газирани пијалаци се една од најштетните намирници за здравјето на мозокот поради високата концентрација на едноставни шеќери, кои ги оштетуваат крвните садови што го снабдуваат мозокот. Со текот на времето, тоа го лишува мозокот од гориво што му е потребно за функционирање, што доведува до предвремена деменција и мозочни удари. Акутно, шеќерот предизвикува воспаление на мозокот, раздразливост, лошо расположение и нарушувања на сонот.“

Маргарин

Иако многумина сметаат дека путерот е нездрав избор, маргаринот содржи транс масти кои го зголемуваат лошиот холестерол и им штетат на крвните садови, вклучително и оние во мозокот.

„Често слушаме дека транс мастите не се добри за срцето и крвните садови. Исто важи и за крвните садови на мозокот“, истакна д-р Ше Дата. Истражување објавено во списанието Neurology покажува дека постари лица со највисоки нивоа на елаидинска киселина – вообичаена транс маст – имаат поголема веројатност за развој на деменција. Препораката е да се користи маслиново масло или вистински путер.

Помфрит

Омилена грицка на многумина, помфритот спаѓа во масна храна која може да предизвика сериозни оштетувања.

Д-р Педрам Наваб објаснил како ваквата храна влијае на мозокот:
„Исхрана која вклучува масна храна како помфрит може да ги оштети крвните садови што го снабдуваат мозокот, предизвикувајќи когнитивни оштетувања. Го намалува интегритетот на крвно-мозочната бариера и доведува до оштетување на невроните во хипокампусот, дел од мозокот кој е клучен за учење и меморија.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни