Три намирници познати како „борци против анемија“

Ви претставуваме три прехранбени опции кои не се меѓу најпознатите „борци против анемија“, но дефинитивно заслужуваат внимание
сливи како лек против анемија

Анемијата често се третира со исхрана богата со месо и лиснат зеленчук, затоа Ви претставуваме три прехранбени опции кои не се меѓу најпознатите „борци против анемија“, но дефинитивно заслужуваат внимание.

1. Семки од тиква – мали, но моќни

Семките од тиква се богати со железо, но и со цинк, магнезиум и здрави масти. Само една мала шака (околу 30 грама) може да обезбеди значителен дел од дневната потреба за железо. Можете да ги додавате во јогурт, салати или да ги грицкате како ужинка. Добра вест – лесно се достапни во сите поголеми супермаркети и продавници за здрава храна.

2. Суви сливи – повеќе од помош за варење

Иако најчесто се споменуваат кога станува збор за дигестија, сувите сливи содржат и добра количина железо, како и витамин Ц, кој ја подобрува неговата апсорпција. Покрај тоа анемијата, помагаат во регулирањето на нивото на шеќер и енергија. Можете да ги јадете како ужинка или да ги додадете во овесна каша или смути.

3. Цвекло – стара домашна помош од градината

Цвеклото не содржи многу железо, но помага во создавање на црвени крвни клетки и подобра циркулација,а асо тоа ја подобрува анемијата. Исто така, е богато со фолна киселина (витамин Б9) и антиоксиданси. Најдобриот ефект се постигнува ако се консумира сирово – изрендано во салата или во форма на сок. Достапно е во текот на целата година, особено во зимскиот период.

Ако земате железо како додаток, комбинирајте го со намирници богати со витамин Ц, како лимон, портокал или пиперка. Избегнувајте консумирање млеко и кафе во исто време, бидејќи можат да ја намалат апсорпцијата на железото.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни